Беше држ не дај: Адвокатот открива како поминала средбата меѓу Северина и Милан кога пејачката го предала синот

0
1123

Северина Којиќ вчера ја изгуби битката за старателство над синот Александар која со години ја водеше со некогашниот партнер, Милан Поповиќ.

Адвокатот на Милан, Хрвоје Јукиќ открил за Блиц како поминало синоќешното доаѓање на Александар во домот на татко му, но и кои се натамошните чекори во судскиот процес, во кој е досудено привремена мерка, стрателството да го добие таткото.

Следниот чекор би бил Северина да вложи жалба, што и очекуваме. Би било чудно да не го направо тоа. Од денеска нејзиниот правен тим има рок од 15 дена тоа да го направи, па ќе видиме – навел адвокатот и раскажал како поминал моментот кога Северина го предала синот на Милан.

Беше малку држ не дај, кога требаше да го доведе, но на крајот сепак дојде и го предаде синот. Се помина во најдобар ред – рекол адвокатот.

Извор: република.мк

Коментирај