БЕСА на Касами влегува во Владата

0
41

Беса на Билал Касами 99 отсто ќе биде новиот владин партнер, брифира за Плусинфо висок функционер на Беса по вечерашната средба меѓу премиерот Зоран Заев и Касами.

Состанокот меѓу Заев и Касами за проширување на владеачкото мнозинство се одржал вечерва во 20 часот и треал некаде час и половина.

Функционерот од Беса брифира дека на средбата се разговарало за подготвеноста на Беса да биде дел од Владата.

Средбата Заев – Касами, вели функционерот е потврда на принципиелниот став на Беса да ја поддржи Владата на седницата за интерпелација и оттука Заев, разговорите за зголемување на владеачкото мнозинство ги почнал токму со Касами.

Коментирај