Беса на Касами го подготвува законот за лични документи

0
403

Движењето Беса на Билал Касами започна со подготовка на предлог- измени во Законот за лични документи, со кој ќе се овозможи вметнувањето на етничка припадност во личните карти. Иако засега тоа го прват само партиски експерти оттаму велат дека за нивниот предлог ќе биде потребно усогласувањето на ставовите со Владата, пренесе АлсатМ.

-Ние во рамки на Движењето Беса ги правиме сите потребни подготовки, вклучувајќи го и нормативниот контекст на законот, но и за постапката за тоа како ние како субјект ќе ја доставиме.

Во вистинско време кога ќе се создадат услови и соодветна клима, овој договор, кој е постигнат меѓу Беса и Владата, ќе треба да добива форма на предлог- закон и да биде усвоен во Собрание во согласност со договорот што го постигнавме со Владата. – рече Фадил Зендели, пратеник на Движењето Беса.

Владата вели дека се уште не почнала со подготвување на промените. Според нив, во моментов важност му се посветува на Преспанскиот договор.

– Контуинирано се одвиваат политички консултации со субјектите. Во следниот период, кога ќе се конкретизираат ставовите, деталите ќе бидат објавени. – велат од Владата.

Договорот за воспоставување на графа за етничката припадност во личните карти беше постигнат денот кога Парламентот ги усвои уставните измени во согласност со Преспанскиот договор.

Со воспоставувањето на графата на етничка припадност во личната карта, Македонија станува првата земја во регионот која ја утврдува етничката припадност во личните документи.

Извор:Курир

Коментирај