Бес во Еквадор: Дали поради оваа фотографија е укинат азилот на Асанж?

0
271

Расправија околу порција јастрог во кревет, го чинеше Џулијан Асанж прекинување на азилот во амбасадата на Еквадор во Лондон, каде помина седум години избегнувајќи да биде екстрадиран во Шведска.

Според дел од светските медиуми, азилот му го укинал претседателот на Еквадор, Лениј Морено откако се појавија повеќе од 200 негови фотографии и пораки на кои се глада како ужива со сопругата во луксузни одмори низ Европа, со јастог во хотелскиот кревет.

Тие фотографии предизвикале бес во Еквадор во моменти кога шефот на државата воведе мерки за штедење во земјата. Морено го обвини Асанж дека стои зад објавувањето на овие фотографии, а тој пак демантираше, па Морено порача дека Асанж немал право да му го хакира приватниот телефон.

Основачот на Викиликс може да биде екстадиран во Шведска каде што е обвинет за сексуално злоставување, како и во САД каде го бараат за објавување на стотина доверливи документи.

Во Америка е обвинет за издавање и загрозување на националната безбедност поради што би можел да биде осуден на смрт или доживотен затвор.

(ВИДЕО) Објавени тајни снимки од амбасадата на Еквадор: Како Асанж ги поминувал деновите

Коментирај