Бертрандон де ла Брокиер запишува за Македонија и македонците два параграфа

0
83

За време на патувањето на Бертрандон де ла Брокиеркон Блискиот Исток во 15 век во својата книга „Патување преку морето“ запишува за Македонија и македонцитедва параграфа:

slika 2

И јас си припомнав за големата потчинетост во која Турчинот го држи царот во Цариград и сите Грци, Македонци и Бугари, па и деспотот на Расија (Рашка) и сите негови поданици, што е многу жално за целото христијанство.

А има исто така, како што порано кажав, многу христијани кои присилно го служат Турчинот, како Грците, Бугарите, Македонците, Албанците, Есклавоните, Расијанците и Србијанците, поданици на деспотот на Расија и Власите, кои, како што ми е речено, кога би ги виделе христијаните, а особено Французите, во голем број против Турчинот, тие би му нанесле многу штета и би му го свртеле грбот, зошто тој ги држи во тешко ропство.

Извор:
Бертрандон де ла Брокиер, Путовање преко мора, Београд 1950, стр. 134-135, 140-141.

slika 1

Коментирај