Бериша најави „џиновско цунами” против Рама

0
264

Пред утрешниот десетти „национален протест” на албанската обединета опозиција, властите веќе ги преземаат потребните мерки, пред се во обезбедувањето на Владата, Парламенот и Министерството за внатрешни работи.

Пред овие објекти попладнево поставени се метални огради со бодликава жица, влезната врата на владата е заменета со метална,поставени се големи рефлектори кои овозможуваат осветлување на местата каде што ќе бидат стационирани полицските сили, а остануваат од претходнте протести сигурносните камери со висока резолуција,со цел документирање на протестот на опозицијата.

Два часа пред почетокот на утрешниот протест,закажан за 20:00 часот, ќе бидат распоредени полицските кордони. За бебедноста ќе бдат ангажирани 1.300 до 1.500 полициски службеници, потоа припадниците на сообраќајната полиција, единицата за брза интервенција, едницата „Шќипоња” како и прпадниците на Националната гарда.

Вообичаено ќе има лоцирано и амбулантни и противпожарни возила,како и цистерни со вода,доколку има потреба за употреба на водени топови.

По повикот на лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша за што поголема масовност, со статус на Фејсбук се јави и почесниот претседател на партијата, Сали Бериша, кој најави „џиновско цунами” од народ против Еди Рама.

– Застрашувачко и џиновско цунами доаѓа против Едвин Кристаќ крадецот. Утре во 20:00 часот сите заедно во Тирана. Рама оди си. Победа. -напиша Бериша.

Коментирај