Бензема не му простува на Валбуена: Задржи си го ракувањето

0
127

Карим Бензема не е подготвен да го стави зад себе конфликтот со Матју Валбуена по кој почна неговиот „егзил“ од француската репрезентација.

Напаѓачот на Реал Мадрид, Бензема студено одговори на можното помирување со играчот на Фенербахче, Валбуена, откако тој изјави дека е подготвен да се ракува со Бензема доколку се сретнат на фудбалските терени.

Бензема, кој оттогаш нема играно за Франција, постојано тврдеше дека е невин и доби на суд минатото лето, кога францускиот суд го отфрли полицискиот извештај во кој се тврдеше дека Бензема се однесувал „неискрено“.

– Јас би се ракувал со него, тука нема проблем, изјави Валбуена во интервју за францускиот весник „Паризиен“, на што Бензема кратко одговори – Задржи си го ракувањето.

Коментирај