Бенитез го одби Евертон

0
534

Шпанскиот фудбалски стручњак Рафаел Бенитез одби да стане менаџер на Евертон, објавија англиските медиуми.

„Карамелите” му понудиле на Бенитез да го смени Роналд Кумман, но Шпанецот не се согласил.

Евертон сака да го замени Холанѓанецот кој во летниот преоден рок донесе многу нови играчи, а тимот започна многу лоша сезона во Премиер Лигата и со само осум бода се наоѓа на 16. место.

Слабите резултати и фактот што Бенитез има куќа во близина на Ливерпул според многумина ќе бидат доволна причина 57-годишниот Шпанец да стане нов предводник на Евертон.

Во богатата тренерска кариера Бенитез меѓу другите, работел и во Ливерпул, Интер, Наполи, Реал Мадрид.

Коментирај