Бени Шаќири сака да биде директор на МКЦ?

0
244

Рок-пејачот Арбенд Шаќири кој јавноста го препознава како Бени, поднел документи на отворениот конкурс за директор на Младински културен центар (МКЦ), дознава неофицијално „Република“.

Неговото име се спомнуваше по смената на власта во државата, но деновиве повторно е актуелно и се погласно се слуша дека тој ќе биде новото партиско решение за директор на МКЦ.

Во моментов в.д. директор на МКЦ е Русе Арсов, кој во во март годинава беше начзначен на оваа функција. Арсов дојде на местото на Златко Стевковски, кој директорската функција во МКЦ ја вршеше осум години, во два мандати.

Арсов денеска на прес-конфренцијата на која се презентираше програмата на МКЦ за 2019 година изјави дека ќе се пријави на отворениот конкурс за директор на МКЦ.

Дваесет години сум дел од оваа куќа и да, ќе се пријавам на конкурсот. Сакам да се продолжи она што се градело со години,изјави Арсов, кој како вработен последнивме 10 години е дел од тимот кој мошне успешно го организира Млад отворен театар (МОТ).

Шаќири е познат и како пејач на групата „Нон-стоп“ со која настапуваше на фестивали и одржуваше концерти. Шаќири во последно време соработува со Златко Ориѓански со кого имаа и заеднички концерт со Македонска филхармонија.

Директорот на МКЦ го именува Град Скопје.

Извор:republika.mk

Коментирај