Бенефитите на Еразмус плус програмата врз младите (во Европа)

0
664

Младите во нашата држава имаат потреба од активна размена на знаења и искуства со врсници од Европа. На таков начин се пробиваат помеѓу повисоките општествени групи каде што стекнуваат голем број на компетенции и ги подобруваат личните вештини и интеркултурното разбирање. Придонес за ова има и Еразмус+ пограмата.

Младински размени, обуки или семинари се дел од можностите што Еразмус+ програмата ги овозможува и отворено ги нуди на младите љубопитни активисти и младински работници преку кои ги остваруваат своите стремежи. Целта на оваа програма на Европската Унија е давање можност на младите, почнувајќи од 13 годишна возраст, да патуваат во странство, истражуваат нови начини на образование и обука, активно земаат учество во работилници и настани базирани на неформално образование и запознаваат со други култури со што самата почит и толеранција помеѓу нив расте.

Тие го подобруваат Англискиот јазик преку активна комуникација, се градат себеси како личности и најважно квалитетите и способностите што ги развиваат допринесуваат до проширување на нивниот потенцијал. На овој начин, младите слободно ги изразуваат своите идеи и храбро земаат учество во решавање на важни општествени прашања.

Група претставници од нашата држава, од Здружението ЦЕТ платформа од Скопје (www.facebook.com/cetplatformmk), во периодот од 13-ти до 21-ви ноември, беа дел од младинска размена во Естонија на тема „Лидерство“. Тие учествуваа заедно со врсници од Естонија, Полска, Шпанија, Турција, Литванија и Италија. Според нивното лично искуство, која оваа програма финансирана од Европската Унија им го овозможи, велат дека една од најдобрите работи е тоа што во текот на деветте целодневни активности тие го разбудија лидерот во себе.

„Не охрабри да направиме чекор надвор од комфорната зона и за прв пат да направиме предизвикувачки работи. Јавно држевме говор, дебатиравме и учевме за важноста да излеземе од кутијата на следбеници и да бидеме храбри лидери со автентичност“, кажа една од учесничките.

Учесниците на размената велат дека е од суштинска важност за секој млад човек да добие шанса во своите тинејџерски години да се запознае со надворешниот свет, различни стилови, традиции, храна, јазици и менталитети, а при тоа да се стекне со искуство. Стереотипите кои лажно се градат во рамки на едно општество се илузија за младите која не постои, а само така можат да се урнат – соочувајќи се со реалноста.

Сите млади охрабрено и решително треба да земат активно учество во подобрување на општеството во кое живееме, да дадат свој придонес, да ги надминат и своите граници, црпејќи од својот потенцијал кој е неограничен, а сепак моќен. Од огромна важност е спознавањето и градењето на секоја млад личност да биде преку стекнување на потребното знаење и вештини кои во иднина ќе им служат во нивна полза.

Проектот „HQ Leader“ во Естонија беше финансиски поддржан од програмата Еразмус+. Повеќе информации за програмата и можностите кои таа ги нуди на младите, младински работници и здруженијата на граѓани може да се најдат на веб страницата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност – www.na.org.mk.

Коментирај