Белгија прва се пласира на Мундијалот во Русија

0
193

Белгија е првата европска репрезентација која низ квалификациите избори пласман на Светското првенство во Русија.

Белгијците со триумфот во Атина над Грција (2:1), на две кола до крајот на квалификациите имаат недостижни осум бода повеќе од второпласираната БиХ во Х групата.

Натпреварот во Атина беше решен во интервал од пет минути, кога беа постигнати сите голови. Најпрвин Вертонген во 70.минута и донесе предност на Белгија, три минути подоцна израмни Зека, а конечните 1:2 ги постави Лукаку во 75.минута.

loading...

Коментирај