Барселона го доведе Витињо од Палмеираш

0
300

Барселона го договори трансферот на Бразилецот Витињо, кој во следната сезона ќе настапува за каталонскиот гигант позајмен од редовите на Палмеираш.

Овој 19-годишен Бразилец настапува во средниот ред и ќе отпатува со првиот тим на Барса на турнејата низ САД. Доколку се докаже тој ќе остане на располагање на новиот тренер Ернесто Валверде, во спротивно преку настапите за Барселона Б ќе се обиде да се наметне за каталонците да го откупат неговиот договор со Палмеираш, активирајќи ја клаузулата од 12 милиони евра.

– Пресреќен сум бидејќи доаѓам во клубот каде играа легендите Роналдињо и Ривалдо, а сега настапува мојот фудбалски идол Нејмар. Ќе дадам се од себе за да ја искористам шансата што ми се укажува и да обезбедам перманентен траннсфер во Барселона – истакна Витињо.

Коментирај