Барса продава двајца за да го задржи Лео Меси!

0
469
SEVILLE, SPAIN - AUGUST 14: Lionel Messi of FC Barcelona looks on during the match between Sevilla FC vs FC Barcelona as part of the Spanish Super Cup Final 1st Leg at Estadio Ramon Sanchez Pizjuan on August 14, 2016 in Seville, Spain. (Photo by Aitor Alcalde/Getty Images)

Сагата околу новиот договор на Лионел Меси сеуште трае, а Барселона со сите сили се обидува да ја продолжи соработката со еден од најдобрите фудбалери на светот.

До договор се уште не е дојдено, а наводно проблем се големите финансиски барања на аргентинскиот фудбалер.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Меси сака многу поголема плата со која би бил најплатениот фудбалер на светот. Сепак, челниците на Барселона порачаа дека во овој момент не се во можност да ги исполнат неговите желби и се надеваат дека на крајот ќе успеат да се договорат.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека Барселона ја разгледува можноста да продаде двајца фудбалери со што би собрала пари во буџетот, а воедно би се ослободила од високите плати на двајцата играчи со што би имале пари да го покријат новиот договор на Меси. Наводно, Каталонците се подготвени да ги продадат Арда Туран и Иван Ракитиќ со цел Меси да остане на „Камп Ноу“.

Каталонците од продажбата на Арда Туран очекуваат околу 30 милиони евра, додека за Ракитиќ можат да добијат 40 милиони евра. Туран има понуди од Кина, додека за хрватскиот репрезентативец заинтересирани се Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.

Коментирај