Барса, Кјелце, Монпелје, Веспрем.. Пеколно тешка група за Вардар во следната сезона во ЛШ

0
149

Ракометарите на Вардар добија исклучително тешка група во новата сезона од Лигата на шампионите. Вардарци се носители во Групата А, во која денешната ждрепка во Виена ги смести уште и актуелниот шампион Монпелје, потоа Кјелце, Барселона, Веспрем, Мешков Брест, Рајн Некар Левен, Кристијанштад и Мешков Брест.

„Црвено-црните“ ќе имаат атрактивни противници и тешка задача да го повторат успехот од претходните две сеозни кога групната фаза ја завршуваа на првото место што им носеше директен пласман во четвртфиналето од ЛШ.

Меѓу другите, гости на Вардар во Скопје во новата сезона ќе му бидат и двајцата македонски репрезентативци – Филип Талески со Рајн Некар Левен и Дејан Манасков со Веспрем.

Коментирај