Барате причина да престанете со пушењето: Предизвикува 17 видови на рак, а само една цигара содржи 10 страотни супстанци

0
100

Цигарата има 7.000 хемикалии и пушачите умираат 10 години порано.Оние што пушат помеѓу 1 и 14 цигари дневно, се со осум пати поголеми шанси да умрат од рак на белите дробови отколку непушачите.

Дали ви требаат повеќе причини да престанете?

Секоја трета личност на планетата е пушач, од кои 35 проценти се мажи, а 27 проценти се жени.Поради никотин во тутунскиот чад, пушењето предизвикува зависност и ја зголемува фреквенцијата на срцето, односно стеснувањето на мали крвни садови, што влијае на промената на крвниот притисок.Пушењето го зголемува ризикот за повеќе од триесет болести, вклучувајќи срцеви заболувања, крвни садови (срце и мозочен удар), кои се водечка причина за смрт во светот.

Во чадот од тутун има повеќе од 7.000 различни хемикалии, меѓу кои, покрај никотин, катран и јаглерод моноксид. Најмалку 300 од овие супстанции се канцерогени, велат истражувањата. Катан ги оштетува ѕидовите на крвните садови и ја зголемува веројатноста од згрутчување на крвта и го намалува добриот холестерол.

Згрутчувањето на крвта почесто се создава кај пушачите поради јаглерод моноксид, бидејќи телото е помалку снабдено со кислород.Секоја употреба на тутунски производи е штетна, па така и пасивното пушење.Затоа, непушачите кои се изложени на чад од тутун имаат 25-30 проценти зголемен ризик за развој на срцеви венски заболувања. Податоците покажуваат дека жените се поризична група отколку мажите, имаат 25 отсто поголеми шанси за коронарна срцева болест.Исто така, во просек, пушачите умираат 10 години порано од непушачите.

Покрај срцевите заболувања, чадот од тутун може да предизвика рак на белите дробови, но уште 16 други видови на рак, како што е рак на дебело црево или рак на дојка.Ракот на белите дробови е најчестиот рак кај мажите, а втор најчест кај жените.Обично се јавува кај луѓе на возраст над 60 години, а според некои проценки, ракот на белите дробови, кој е откриен во рана фаза, може да се излечи во 50 отсто од случаите, односно третманот може да го продолжи животот, а кај оној кој веќе метастазирал излекувањето е помало од 5 проценти.

Постојана кашлица, болка во градите, замор, загуба на енергија и губење на тежината се  најважните симптоми кај ракот на белите дробови. Знаци на рак на белите дробови, исто така, може да бидат недостаток на здив, засипнатост, кашлање или крвава плунка.

Коментирај