БАНКИТЕ ТРУПААТ ОД НЕГО: Цената на златото ќе достигне 1.400 долари до крајот на годината

0
173

Цената на златото до крајот на годината се очекува да достигне  1400 долари, што се должи на помалку агресивна политика на Банката на федерални резерви на каматните стапки и надолгорочна глобална несигурност.
Ова е проценето од експерти за овој скапоцен метал.

Цената на златото за испорака минатата недела изнесуваше 1.286,6 долари за унца, објави CNBC.

„Очекуваме дека златото ќе продолжи да се тргува во овој опсег во наредните месеци. Но, во втората половина на годината, можеме да очекуваме дека цената ќе се зголеми и ќе достигне 1400 долари до крајот на годинава“, изјави  Мартин Хаксли од Сингапур.

Централните банки во светот купуваат големи залихи од овој скапоцен метал, во последните 50 години. Во контекст на диверзификација на резерви и оддалечување од некои валути, вклучувајќи го и американскиот долар, наведува CNBC.

Загриженоста за глобалната економија и геополитички прашања, вклучувајќи ја и трговска војна меѓу САД и Кина, придонесе за зголемување на неизвесноста, која често оди во нагорна линија за купување на злато. Купување на злато се смета за „безбеден рај“ или средство кое има тенденција да ја задржи или зголеми својата вредност, дури и за време на турбуленции на пазарот.

Коментирај