Баневски сведочи како Боки 13 правел притисоци на компании што произведуваат флаширанa водa

0
312

Поранешниот новинар на 1ТВ, Христијан Баневски, денеска дава исказ за случајот „Рекет“. Тој на почетокот на исказот рече дека Бојан Јовановски – Боки 13, барал од него да прави прилог, односно се мешал во уредувачката политика на телевизијата.

Бараше од мене да правам најава за испитување на квалитет на сите флаширани водаи и дека ќе ги објавиме резултатите. Целта беше да укажеме дека некој вода од чешма ја пакува и ја препродава. Иако јас ја најавив, таа никогаш не беше објавено. Боки бараше од мене да го најавувам по неколку пати. После извесен период Пелистерка стана главен спонзор во 1ТВ“, рече Баневски.

Коментирај