Бананата со подолг рок на траење

0
232

Бананата е едно од наjпопуларните и највкусни овошја на светот. Но, нивниот рок на траење е навистина краток. Тие може да потемнат и да го изгубат вкусот за рок од 2-3 дена.

Научниците дојдоа до интересен начин, пред сè природен,  што би помогнал да се продолжи нивниот рок за 2 дена повеќе. Ова исто така  помогна да не се фрлаат огромни количества на непотрошена храна.
Бананата обично се бере кога е зелена. Тогаш дрвото е варосано со специјален гас наречен етилин кој е природно создаден од овошјето.
По четири дена бананата добива жолта боја. Кога ова овошје добива жолта боја се смета дека најдобро е да се продаде најдоцна во наредните 2-3 дена. Ова се правилата што секој маркет мора да ги почитува.
Двајца студенти од различни универзитети направија интересно истражување кое беше објавено во магазинот “HortScience“. Тие во лабораторија демонстрираа ефект на „пред и потоа“ со таканаречената течност (LPE)- „lysophosphatidylethanolamine“ пронајдок кој докажа дека навистина се продолжува рокот на конзумирање на неколку видови на овошје.

„Ја истраживме можноста да се продолжи рокот на траење на бананата со тоа што ја поливме со LPE течноста додека е сè уште беше во фаза на созревање. Бананите кои беа 75 проценти созреани беа полиени со оваа течност 30 минути, а потоа набљудувани 5 дена на одредена температура. Ова истражување беше спроведено на 50 различни дрва и на различна почва. По 5 дена резултатот покажа дека бананите со овој третман се подебели и поцврсти отколку оние природните.
Тоа го потврди нашиот експеримент и е одлична идеја за сочувување на храната“, изјавија луѓето кои работеа на експериментот.

Коментирај