„Балканот доби нова држава“ – регионот пишува за Република Северна Македонија

0
353

„Тажен пораз на Русија на Балканот“, „Балканот доби нова држава“, „Грција го ратификуваше Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО“, „Грчкиот Парламент прв го одобри Протоколот за членство на Македонија во НАТО“, ова се само дел од насловите во медиумите во регионот.

Освен што известуваат за гласањето и тензичната атмосфера во грчкиот парламент медиумите ја објаснуваат и понатамошната процедура со која Македонија и официјално за неколку дена ќе стане Република Северна Македонија.

Бугарската агенција БГНЕС го пренесува ставот на македонскиот премиер, Зоран Заев објавен на Твитер дека за Македонија успехот е загарантиран.rusija-balkan-640x140

Бугарската телевизија Нова ја пренесува веста за Протоколот ратификуван во Грција и наведува дека тоа е тажен пораз за Русија на Балканот.

Извор:republika.mk

 

Коментирај