Бактеријата која живее на кожата на секој од нас станува отпорна на лекови, во овие случаи може да биде фатална

0
462

Бактеријата која живее на кожата на секој од нас, мутирала против лекови и може да предизивка голем број инфекции по хируршки интервенции, предупредуваат научниците.

Бактеријата е слична на супербактеријата MRSA која веќе одамна е отпорна на антибиотици.

Страфилококус епидермис живее обично без негативно влијание, на кожата од секој од нас, но може да се внесе во организмот и после операција да предизивка сериозни инфекции.

Научниците идентификувале многу опасна форма на бактерија на кожата кај луѓето кои добиле инфекција по операција. Бактеријата секогаш наоѓа нови начини да опстане на површината на кожата, а видовите кои се отпорни на лекови може лесно лесно да се прошират.

– Страфилококус епидермис е смртоносен патоген. Се уште клинички се игнорира бидејќи често се претпоставува дека е во прашање зараза преку лабораториски инструменти и се прифаќа како ризик кој со себе ја носи секоја интервенција. Постоперативнити инфекции може да бидат многу опасни и смртоносни, вели професорот Сем Шепард.

За да се спречи смртноста од оваа опасна бактерија неопходно е да се утврди кои пациенти се најзагрозени и да се применат најстроги мерки на хигиена кај нив.

Мал број на зрави пациенти ја носат оваа бактерија на својата кожа, па ризикуваат да се инфицираат по операција. Доколку нешто не се преземе, постои опасност болеста да се прошири на светско ниво и постоперативните инфекции да ги направи тешко излечиви со обични антибиотици.

Ваквите инфекции тешко се дијагностицираат, па постои надеж дека гените кои се поврзани со оваа болест може да укажат на тоа кој е изложен на поголем ризик.

Коментирај