Баџанакот на Џафери избран за заменик претседател на Антикорупциска

0
283

Нури Бајрами е избран за заменик претседател на Државната комисија за спречување на корупција, по принцип на лотарија. Сите членови влечеа ливче на кое пишува член, а Бајрами го извлече ливчето каде пишува заменик-претседател.

Ова беше навистина по случаен избор. Шоуто тука да заврши, да се фатиме за работа и да престанеме да правиме сцени, рече Бајрами.

Тој ќе биде на позицијата заменик шест месеци, а потоа по принцип на ротација ќе биде избран друг член.

Комисијата на денешната прва седница на дневен ред стави и точка за изборот на Бајрами за член на ДКСК и дали има судир на интерси во изборот, по информацијата дека тој е баџанак со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Коментирај