Автобус прегази маж, со тешки повреди пренесен во болница

0
162

Скопјанецот Д.Ј. (82) е тешко повреден откако вчера бил прегазен од автобус „Јутонг“ со скопски регистарски ознаки.

Од полицијата информираат дека несреќата се случила околу 13:25 часот во Скопје на улица „Ѓорче Петров“.

Автобусот управуван од Ш.И.(61) од Скопје удрил во пешакот кој по незгодата со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Градска општа болница „8-ми Септември“, каде му се констатирани тешки телесни повреди и е задржан  на лекување.

Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот.

Коментирај