Австралиската влада од своите граѓани бара да не патуваат во Македонија

0
281

Во најновата официјална информација на австралиските власти од граѓаните на Австралија вклучително и Македонците од седмиот континент се бара да не патуваат во Макеоднија.

Причините за препораките кои почнуваат да се вадат е вонредната состојба, затворените аеродроми, а границите се затворени за најголем дел од странците.

Владата во Канбера препорачува пред да се транзитира низ Македонија да се провери можноста да се влезе во крајната дестинација.

Според препораката доколку некој сепак се реши да патува во Македонија треба да ги следи локалните медиуми.

Во документот стои дека сите дозволи за престој за странци во земјава кои се истечени во вонредната криза се продолжени до 31 август.

Коментирај