Авокадо- величествено, кралско и магично овошје

0
355

Со авокадото се поврзани многу легенди и преданија. Тоа е овошје кое секогаш било
нарекувано величествено, кралско или магично. Потекнува од Средна и Јужна Америка, таму се сметало дека авокадото има магични моќи, затоа редовно било послужувано на кралските трпези, а царските принцези морале да го консумираат.

Авокадо во салата, авокадо за појадок, авокадо како мезе. Во последните години авокадото се наметна како префериран додаток кон исхраната на повеќето луѓе. Покрај тоа што е многу вкусно, тоа е и исклучително корисно за целокупната состојба на организмот. Еве неколку факти кои ќе ве инспирираат да го консумирате почесто:

1. Авокадото е соодветно за исхрана, како и за бебињата, така и за возрасните.

2. Со конзумирањето на авокадо се намалува лошиот холестерол. Авокадото е еден од ретките плодови кои содржат мононезаситени масти.

3. Авокадото содржи над 20 витамини и минерали корисни за вас и вашиот организам.

4. Авокадото кога е созреано, станува потешко и ја променува бојата кон кафеава. Тоа зрее побрзо од бананата.

5. Авокадото е едно од најевтините средства кое го забавува стареењето на кожата.

6. Авокадото е моќен чувар на срцето и крвните садови. Го регулира притисокот и работата на срцето.

7. Авокадото го подобрува варењето на храната, формирањето на столицата, штити од
карцином на дебело црево и хемороиди.

 

Коментирај