Авион со целосно женски екипаж го обиколи светот

0
373

Авион на индиската авиакомпанија Air India со целосно женски екипаж за прв пат изврши лет околу светот, соопшти Associated Press.
Авионот летал над Пацификот од Њу Делхи до Сан Франциско на 27 февруари. Спротивниот лет бил извршен над Атлантикот на 3 март.
Не само што екипажот на авионот се состоел од жени туку и копнените служби, кои го подготвувале авионот за летот и диспечерите кои работеле со овој лет, исто така биле жени.
Овој лет е во чест на Меѓународниот ден на жените 8- ми Март.
Air India го пријавила рекордот во „Рекордите на Гинис“.
Во јануари Air India соопшти дека планира да воведе места, наменети исклучиво за жени.

Коментирај