АТП Бризбејн: Раониќ му го „украде“ последното место во полуфиналето на Надал

0
340

Канаѓанецот Милош Раониќ е последниот полуфиналист од тековниот АТП турнир во Бризбејн, Австралија. На последната средба од четвртфиналната рунда, бранителот на трофејот со пресврт стигна до победа над Рафаел Надал.

Шпанецот го освои првиот сет со 6:4, но не успеа да го сочува водството, а падот на играта умешно го искористи Раониќ кој со 6:3 и 6:4 дојде до нов тримф и закажа средба со Григор Димитров кој утринава со 2:1 во сетови го совлада Доминик Тим.

Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Вавринка и Нишикори. Швајцарскиот тенисер во три сета беше подобар од Кајл Едмунд, додека Нишикори со 6:1, 6:1 триумфираше против Џордан Томпсон.

Коментирај