Атлетико со пресврт ја победи Селта

0
489

Фудбалерите на Атлетико Мадрид забележаа победа во против Селта Виго со 3:2, во дуел од 22.коло на шпанската Примера.

На средбата одиграна на „Висенте Калдерон“ во Мадрид, иако гостите во два наврати имаа предност сепак домашните фудбалери на крајот се радуваа на победа и тоа со голот на Антоан Гризман во 88.минута.

Погледнете го видеото од головите и најдобрите акции од натпреварот:

Покрај овој натпревар, вчера се одиграа и средбите:
Виљареал – Малага 1:1,
Легањес – Спортинг Хихон 0:2 и
Лас Палмас – Севиља 0:1.

Претходно:
Еспањол – Реал Сосиедад 1:2,
Бетис – Валенсија 0:0,
Алавес – Барселона 0:6,
Атлетик Билбао – Ла Коруња 2:1 и
Осасуна – Реал Мадрид 1:3.

Колото ќе биде комплетирано вечерва со натпреварот Еибар – Гранада.

Табела: Реал Мадрид 49 бодови (натпревари помалку), Барселона 48, Севиља 46, Атлетико Мадрид 42, Сосиедад 41, Виљареал 36, Атлетик Билбао 35

Коментирај