Атанасовски: Има ли некој да направи ред во оваа држава – кај им ги зедоа парите на луѓето, па сега и здравјето ќе им го земат

0
679

„Си земав за слобода да ги објавам фотографиите што ги најдов денес на ФБ. Па добро бе луѓе нели гледате кој клошари се банките, кај им ги зедоа парите на луѓето, па сега и здравјето ќе им го земат. Не ми е јасно од кого ќе земаат пари после, од самите себе. Ќе си штедат сами па ќе си наплаќаат камата.

Племе ви ебам непрокопсано банкарско. Вие од Марс сте паднати па не знаете дека луѓево имаат само факинг два саати да си подигнат пари – па ставете уште некој шалтер, ставете некој редар потрошете нешто, или само ќарот ве интересира.

Во овој случај луѓето само како стока ги третирате. И има ли некој ред во оваа држава да направи, да спроведе некој закон, па нели од 5 души повеќе нема групирање. Нели на влада на прес кажавте дека мора да има редар. Мора!!! Вака луѓево ко глинени голуби ви се.

За ова некој треба да одговара кривично, затоа што ги изложува пензионерите на опасност буквално по живот“.

Фејсбук објава на македонскиот фоторепортер, Роберт Атанасовски

Коментирај