Астронаутот кој одеше по Месечината ја откри вистината за вонземјаните

0
330

Осумдесет и пет годишниот Алан Бин е еден од дванаесте астронаути кои направија „мал чекор за човекот, но голем за човештвото“.

Пилотот на лунарниот модул беше дел од тричлениот екипаж на „Аполо 12“. Нивната примарна цел беше да достават уред на површината на Месечината за собирање на сеизмички податоци.

Бин во вселената „потроши“ 1.671 часа и 45 минути, од кои 10 часа и 26 минути ги помина на Месечината и земјината орбита.

Од личното искуство, тој си оформил некои интересни идеи за постоењето на вонземски облици на живот.

Astronaut-mesecina-2

– Јас не верувам дека некој од вселената ја посетил Земјата“ – изјави тој за австралискиот портал „Њуз“. Додава дека една од причините за ваквиот став е неговото мислење дека напредните цивилизации се алтруистични.

– Па сигурно кога би ја посетиле Земјата, би кажале „доаѓаме во мир и знаеме дека кај вас ракот убива луѓе. Ние го решивме овој проблем пред 50 години, а сега ќе ви покажеме како можете и вие да го направите тоа“ – вели астронаутот.

Бин, сепак, не се сомнева дека сме сами во универзумот.

– Има толку милијарди ѕвезди, а околу нив има многу планети, па статистички би требало да има и планети погодни за живот. Можеби некои од нив се слични на нас од пред 100.000 години, некои се на нашето сегашно ниво, а верувам дека има и планети 10.000 години понапреди од нас“.

Бин поднесе оставка од НАСА во 1981 година за да се посвети на сликарството. Неговите слики, генерално, го претставуваат она што го доживеал како астронаут.

– Дури и кога би живеел 185 години, не би останал без инспирација за оваа тема – кажува Бин.

Astronaut-mesecina-1Извор: Нова Македонија

Коментирај