Астро љубов: Негативни особини на хороскопските знаци во врска

0
108

Сигурно барем еднаш сте се прашале дали некој негативен исход во љубовна врска се должел на некоја ваша особина што потекнува од карактерните црти на вашиот хороскопски знак.

Ако се преиспитувате каде грешите во врските и кои се вашите негативни страни кога станува збор за љубовта, прочитајте што велат ѕвездите за вашиот хороскопски знак:

ОВЕН

Гласни сте и по малку застрашувачки, па луѓето често се чувствуваат малку непријатно околу вас. Секоја чест за енергичноста и страста со која ги правите нештата, но обидете се да бидете посуптилни и помили.

БИК

Дали некогаш ќе сакате некого онолку колку што сакате храна? Најверојатно не. Вашата љубов и страст кон храната може да ја разбере само некој со слична страст, па затоа барајте некој со кого ќе го споделите овој важен заеднички елемент. Не мора да ја делите палачинката.

БЛИЗНАЦИ

Луѓето едноставно не ве сфаќаат сериозно. Супер е што сте спонтани и детето во вас активно живее, но ако длабоко во себе посакувате љубов што ќе трае, покажете поголема сериозност.

РАК

Премногу се изолирате од другите и градите околу себе ѕид што со тек на време никој нема да може да го помине. Сакате да бидете заштитени во секоја ситуација, но мора да научите да им верувате на другите луѓе.

ЛАВ

Барате некој што ќе ве сака повеќе отколку што се сакате самите себе, а тоа воопшто не е лесна задача. Супер е тоа што се сакате себе си, но научете се понекогаш да ставате некој друг на прво место.

ДЕВИЦА

Толку сте срамежливи и пресметани што тоа понекогаш остава погрешен впечаток за вас. Дозволете им на луѓето да ве запознаат и да видат колку интелигентна и забавна личност можете да бидете. Препуштете се на еден флерт, малку спонтаност, попуштете ја контролата.

ВАГА

Вие пак, флертувате со сите! Намалете малку со ентузијазмот и запознајте се прво себе си, за да може и другите да ве запознаат подлабоко отколку забава за една вечер.

СКОРПИЈА

Луѓето многу често се плашат од вас. Имате агресивен пристап, но иако тоа може некогаш да биде привлечно, во повеќето случаи е одбивно. Затоа, смирете го малку интензитетот.

СТРЕЛЕЦ

Вие сте познати по флертувањето и откако луѓето ќе се распрашаат за вас знаат дека тешко влегувате во сериозна врска. Вашата слобода и авантуристички дух се уникатни, но бидете искрени за вашите очекувања од врската и не давајте празни ветувања.

ЈАРЕЦ

Многу сте самостојни и принципиелни и речиси никогаш не прифаќате помош. Спуштете го гардот, врската значи партнерство, па дозволете животот да ви биде полесен и поудобен.

ВОДОЛИЈА

Оставате впечаток дека сте недопирливи, а ако веќе некој успее да разговара со вас, за кратко време сфаќа дека живеете „во свој свет“. Одвреме навреме симнете се од облакот и проверете како функционираат нештата во вистинскиот свет.

РИБИ

Знаете да бидете толку несериозни, што луѓето кои флертуваат со вас не знаат дали им се смешкате или им се смеете во лице. Работете на усовршување на вашите флертувачки вештини и научете да ги продлабочувате темите на разговор.

Коментирај