АСМЛ ВО АКЦИЈА ПРОТИВ КОРОНА: Испринтани се и се делат бесплатно првите 3Д заштитни визири – се бараат донации за репроматеријал

0
313

АСМЛ ВО АКЦИЈА!

Веќе се 3Д испринтани првите заштитни визири во максимален капацитет и напор на сите пријавени доброволци,
првите резултати се одлични, благодарност до сите што се вклучија во инцијативава! Визирите се бесплатни и ќе добијат сите што имаат потреба!

Aleksandar Karevski ќе ја централизира секоја направена количина па потоа по соодветна потреба, изложеност и итност, ќе се дистрибуира по клиники, болници, амбуланти за што транспарентно ќе објавиме, каде и колку парчиња се донирани, визирите се бесплатни!

Имаме потреба од финансиска помош, ќе објавуваме конкретни фактури за репроматеријал, кој милува нека помогне со директно плаќање на фактурите, додир со пари не сакаме да имаме воопшто!

За луѓе кои инсистираат, а фала богу има и такви кои не конталтораат, донации може да пратите и на сметката на АСМЛ, со напомена дека по завршување на акцијата најтранспарентно ќе биде објавен секој примен и потрошен денар, но имињата на донаторите нема да ги објавиме.

Ве молам споделете!

Фејсбук објава на претседателот на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари (АСМЛ), д-р Ненад Лазаров

Доцна синоќа д-р Ненад Лазаров преку својот Фејсбук профил сподели уште една објава поврзана со 3Д визири кои доброволци и претставници на АСМЛ ги изработија и ќе ги делат бесплатно, првин јавни здравствени установи како најизложени на налетот од коронавирусот. И оваа негова објава ја пренесуваме интегрално:

„Примивме преку 600 барања за визири, одговорив на скоро 250 мејлови до сега. Навистина не можам веќе вечерва, продолжуваме сабајле, не е фора да се онесвести некој. Од утре почува дисперзија на визирите, најпрвин ЈЗУ кои се најизложени, по минимум количини.

Никој од нас не очекуваше ваква ситуација, очигледно ни се потребни 2-3 илјади парчиња за да ја покриеме земјава, за почеток.

Поддршка од многу страни, ќе успееме сигурни сме!“, потенцира д-р Лазаров

Претходно, претседателот на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари (АСМЛ), д-р Ненад Лазаров упати пофални зборови за, како што ги нарече „30-тината тивки херои“ кои иницијатица на неговиот колега, ортопедскиот хирург д-р Александар Каревски и АСМЛ, деноноќно и со свои материјали и принтери работат на производство на визирите.

„30тина тивки херои, повеќето од нив немедицинари хумани дечки, деноноќно работат на производство на визириве, со свои принтери и лични материјали започна се по иницијатица на Aleksandar Karevski и АСМЛ.

Поддршката е се поголема, цела фела а и цела држава треба да е благодарна на овие луѓе, кога ќе помине се ќе се пофалиме кои се!“

Коментирај