Арсовски: Поднесена кривична пријава за полнење кутии во Зајас

0
187

Стево Пендаровски и Зоран Заев ја изгубија поддршката кај граѓаните, затоа прибегнаа и посегнаа кон полнење кутии кое што е против законско дејствие казниво согласно Кривичниот Законик на Република Македонија, обвинува Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Според извештајот на ДИК во гласачкото место 0816 во населеното место Зајас, во општина Кичево во периодот од 15 до 17 часот гласале вкупно 297 лица, односно три пати повеќе од бројот на лица кои гласале до 15 часот. Според ваквите податоци, произлегува дека за два часа успеале да гласаат 297 избирачи или во просек на секои 24 секунди гласал по еден гласач што физички е невозможно имајќи ја предвид процедурата за гласање на секои избори.  Дополнително по завршувањето на гласањето е утврдено дека во посебниот извод од избирачкиот список за избирачко место се потпишани 412 лица, оодносно 4 помалку отколку што имало ливчиња во гласачката кутија. Кривичното дело е сторено со тоа што е дозволено од страна на избирачкиот одбор непознати лица да гласаат за други лица без да бидат проверени притоа со УВ ламба што е стандардна процедура, пронајдени во избирачки список и без да се потпишат во Избирачкиот список што исто така е стандардна процедура при секое гласање, истакна тој.

Арсовски потенцира дека Избирачкиот одбор е директно виновен за стореното кривично дело и за овозможување на истото кривично дело.

-Отворено се сомневаме дека членовите на избирачкиот одбор не го сториле кривичното дело самоиницијативно туку по нечија наредба и очекуваме јавниот обвинител да се охрабри, да открие, да излезе и да каже пред граѓаните, пред јавноста кој им наредил на избирачкиот одбор да го сторат кривичното дело и нормално да преземе мерки против нарачателот на изборниот криминал кој што се случи во првиот круг од претседателските избори. Очевидно е дека во гласачкото место 0816 е извршено полнење на кутии со гласачки ливчиња. Ова нелегално дејствие не смее да остане неказнето. Никој не смее да се осмели да ја повреди изборната волја на граѓаните. Изборната волја е волја само на граѓаните и на никој друг. ВМРО-ДПМНЕ во насока на заштита на правото на глас на граѓаните ќе поднесе кривична пријава до Јавно Обвинителство, против сите членови на избирачкиот одбор, тоа се десет лица. И во моментот се поднесува во Јавното обвинителство во Кичево. За сторено кривично дело од чл. 159 ст. 2 и чл. 161 од Кривичен Законик. Очекуваме Јавното Обвинителство веднаш да постапи по однос на кривичната пријава, земајќи го во предвид фактот дека вториот круг на гласање е во недела, а во насока на превенирање на повторно полнење на кутии во овие избирачки места или други избирачки места, истакнува Арсовски.

ВМРО-ДПМНЕ апелира до сите кои прават незаконски дејствија дека нема да останат неказнети.

-Секое кривично дело кое е против гласањето и попречување на волјата на граѓаните ќе биде процесуирано со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт и откако ќе се врати демократијата и правната држава. Случајот во Зајас е најдобар показател за сомненијата за полнење кутии за време на референдумот за кој што исто така поднесовме кривична пријава но од тогаш навака помина половина година и уште нема никаква постапка против оние кои повикуваа на поткуп и кој го осмислија и реализираа сценариото „брзи прсти“. После случајот во Зајас очекуваме да бидат процесуирани нарачателите и извршителите на гласањата за референдумот кога на повеќе избирачки места беа рушени рекорди и се гласаше на секои 4,5 или 10 секунди. Дали Јавното Обвинителство ќе постапи или не овие предмети верувајте не застаруваат ниту за извршителите, ниту за нарачателите на ова кривично дело кои што исто така мора да се открие. И ќе бидат отворени кога правдата ќе се врати во Република Македонија. Граѓаните веќе одлучија. Идниот претседател ќе биде професорката и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова, а за секој обид да се  узурпира нивната волја ќе следува кривична одговорност, порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

prijava1

prijava2

prijava3

Извор:курир.мк

Коментирај