Арифи: За излез од кризата рационалност и влада на реформи и на ново мнозинство

0
222

Потпретседателката на ДУИ Теута Арифи денеска изјави дека за излез од сегашната парламентарна криза секој треба да однесува рационално и, како што рече, да се формира влада на реформите и на новото мнозинство.

– Мај е веќе надминат како можност кога може да се организираат локални избори. Нормално дека е потребно во Собранието да се реши како ќе се продолжи понатаму но најпрвин токму Собранието треба да се формира и треба да се прекине тенденцијата за навлегување уште подлабоко во оваа криза, изјави Арифи, одговарајќи на новинарски прашања по  пуштањето на обновениот Жена парк во Тетово.

Во однос на можноста за спојување на евентуални предвремени парлaментарни избори со локални Арифи истакна дека за ДУИ предвремени парламентарни избори не се решение за политичката криза, бидејќи, наведе, граѓаните на 11 декември решиле и има ново праламентарно мнозинство.

– Принципите на демократијата се тие-мнозинството да формира влада и да избере претседател на Собрание и државата да профункционира како што треба додека секој нормално во рамките на своите активности има право да ги врши своите политички активности. Да потсетам само на моментот од 2006-та година бидејќи гледам дека често се споменува како модел. Тогаш ДУИ 18 до 19 месеци протестираше поради тогашната политичка одлука но институциите беа формирани како и се друго а ние подоцна го искористивме нашето демократско право да го реализираме како што сметавме, изјави Арифи.

Коментирај