Археолошкиот локалитет „Билазора“ – пример за негрижата за културното наследство

0
285

Многумина читатели го посетувале археолошкиот локалитет кај селото Кнежје во Општина Свети Николе, за кој се верува дека е античкиот пеонски град „Билазора“, односно Бела Зора.

Локалитетот во изминатите години имаше засилена промоција во медиумите, но и покрај најавите – никогаш не беше соодветно заштитен, ниту пак е направена конзервација и реставрација на истиот. Големината на овој археолошки локалитет, кој се наоѓа на неполни 4 км од Свети Николе ги воодушевува туристите, но и вљубениците во археологијата.

Местото важи за еден од најрепрезентативните антички локалитети не само во Република Македонија, туку и пошироко. На локалитетот нема никакви истражувања. Импровизираниот заштитен „покрив“ кој беше поставен пред неколку години, најверојатно под притисок на силниот Овчеполски ветер бил оштетен, па некој го тргнал на страна.

За истиот да се постави повторно (иако ова место бара многу посериозна работа и заштита), не е потребно многу време, ниту пак труд. Но, посетителите кои повторно доаѓаат на локалитетот се прашуваат – зошто ваква импресивна градба стара над две илјади години е оставена да се распаѓа?

извор – Вардарски

Коментирај