Аргентиците се спремаат за пенали

0
495

Аргентинската репрезентација во групната фаза прикажа игра под очекувањата, но сепак успеа да се пласира во осминафиналето каде за противник ќе ја има селекцијата на Франција.

Селекторот Хорхе Сампаоли, сака да ја подготви неговата екипа за сите опции пред осминафиналниот натпревар, па „гаучосите“ вчера тренираа изведување на пенали.

Тројцата голмани Франко Армани, Вили Кабаљеро и Нахуел Гузман пред денешниот тренинг на барање на селекторот бранеа пенали.

Енцо Перез ги обнови тренинзите со аргентинскиот тим после малата повреда и најверојатно ќе биде спремен за денешниот меч.

Аргентина во осминафиналето ќе се соочи со Франција, а натпреварот се игра денес во16:00 часот.

Извор: sportski.mk

Коментирај