Аргентинскиот гигант со спектакуларна проекција го отвори новиот стадион (ВИДЕО)

0
168

Eден од најпознатите аргентински клубови, Естудијантес де Ла Плата го отвори новиот стадион и тоа го направи на еден спектакуларен начин.

Естудијантес после 14 години се врати дома. Толку траеше обновата на стадионот „Жорге Луис Хирши“. Првите две сезони играа на стадионите на градските ривали Гимнасија и Куилмес, а потоа се преселија на стадионот „Сиудад Ла Плата“.

Новиот стадион беше отворен со спектакуларна проекција на огнен лав кој скокаше и шеташе по кровот на трибините, па се фрли на теренот. Станува збор за првиот аргентински 100% дигитален стадион кој доби сертификат за заштита на околината.

Извор: sportski.mk

Коментирај