Аргентина остана без Меси – Играчот на Барселона доби жестока казна и суспензија!

0
111

Лионел Меси доби забрана за учество на меѓународни натпревари во дресот на Ааргентина во следните три месеци!.

По добиениот црвен картон во „малото финале“ со Чиле изјави:

„Аргентина не треба да биде дел од оваа корупција, Копа Америка е наместена за Бразил“, што сосема оправдано беше оценето како уривање на интегритетот на натпреварувањето и на Јужноамериканската Фудбалска Федерација.

Дисциплинската постапка заврши со суспензија од три месеци за најдобриот аргентински фудбалер.

Па така Меси ќе ги пропушти наредните пријателски натпревари со Чиле, Мексико и Германија.

Квалификациите за Светското првенство 2022 почнуваат дури во март.

Покрај привремената дисквалификација, Лео ќе мора да плати и 50.000 американски долари на Јужноамериканската федерација за својата изјава поради што и ја доби оваа казна.

Коментирај