АПЛИЦИРАЈТЕ: Јавен повик за волонтери во фан зони за УЕФА Супер Купот

0
845

На 8 август за време на Супер Купот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, во Скопје ќе бидат поставени три фан зони каде љубителите на фудбалот ќе можат да се забавуваат во исчекување на големиот натпревар. За перфектна реализација на претстојните настани во самите фан зони се потребни голем број на волонтери кои ќе бидат клучни за самата организација на истите, соопштија организаторите.

За таа цел се објавува јавен повик на кој заинтересираните треба да го потполнат прашалникот за интерес на следниов линк:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdbr_FgA9PnVNOANEb4rethYIFovBQNEm2qjCj6AlN0BzziGg/viewform?c=0&w=1

Секој волонтер ќе добие рекламен материјал (маица, капче) како и благодарница за волонтирање. Волонтерите треба да се постари од 16 години и да исполнат одредени услови кои се наведени во апликацијата.

Ова е одлична можност за младите лица да се стекнат со незаборавно искуство во фан зоните на двата најголеми фудбалски клубови во светот.

Рок за пријавување на волонтери е до 10 јули 2017 година.

Коментирај