Апелација го потврди криминалот на Заев во Струмица: „Република“ го доби судскиот спор за комплексот „Цареви кули“

0
3695

Судската одлука е во корист на „Република“, со што се потврди дека медиумот не наклеветил никого неосновано. Документите и фотографиите кои ги објавивме покажуваат дека хотелскиот комплекс е легализиран незаконски. Второстепениот суд ја потврди пресудата на првостепениот, Основниот суд Скопје 2, и ја отфрли жалбата на тужителите Коце Ристовски и Ванѓа Ристовска како неоснована, пишува Република.

„Цареви кули“ е дивоградба легализирана на криминален начин со потпис на Зоран Заев, во тоа време, 2013 година, градоначалник на општина Струмица. Текстовите за оваа криминална афера објавени во неделникот „Република“ во 2016 година не се предмет на „навреда и клевета“, како што сакаше да се прикаже, туку текст поткрепен со документи, којшто ја запознава јавноста со начинот на којшто работи општината, пресекоа и судиите на Основен суд и од Апелациониот суд.

„Цареви кули“ е криминал на општината за која јавноста треба да знае

Легализацијата на „Цареви кули“, угостителско-хотелскиот комплекс над Струмица, со потпис на Зоран Заев како градоначалник, е нелегален чин. Комплексот „Цареви кули“ е граден на државно земјиште по донесување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, кој стапи на сила на 1 март 2011 година. И Првостепениот суд и Апелацискиот суд ги одбија поднесоците дека се работи за навреда и клевета, со што судот ги потврди наводите на „Република“, пишувани во повеќе наврати во неделникот „Република“, во кои, врз основа на докази, е покажано дека се работи за класичен криминал и корупција во општина Струмица, раководена во тоа време од Зоран Заев како градоначалник.

Поедноставно, законот стапува на сила на 1 март 2011 година (објавен во Сл. весник бр. 23 на 24 февруари 2011 година), а резервирано е бројче за легализација на дивоградба откако законот стапил во сила. Во моментот кога законот стапува на сила, на парцелата нема никаков објект.

Иако законот се однесува на објекти целосно изградени пред 1 март 2011 година, „Цареви кули“ почнува да се гради по 1 март 2011, а врз основа резервираното бројче, објектот е легализиран со потпис на Зоран Заев во својство на градоначалник на општина Струмица, на 3 јули 2013 година.

Во првостепената пресуда Судот смета дека „пред се акцентот е ставен на несовесноста на работата на Органите на локалната самоуправа во Струмица“, а со тоа „работата на локалната самоуправа е прашање од јавен интерес и граѓаните треба да се запознаени и имаат право да знаат како работи Локалната самоуправа“.

Првостепена пресуда Коце и Ванѓа Ристовски – Прва Република ТУКА

„Судот е на мислење дека од страната на „Република“ се објавени фотографии од кои јасно може да се види дека едната фотографија е од 10 март 2011 година, фотографирана преку апликацијата Gооgle earth, објектот не е ниту почнат со изградба, додека на другата фотографија од ден 4 септември  2013 година исто фотографирана од истата апликација, комплексот „Цареви кули“ е веќе изграден“, стои во решението на судот каде се додава дека не се работи за навреда и клевета.

Ваквата одлука ја потврди и второстепениот суд, Апелациониот суд Скопје, кој вели дека жалбата е неоснована.

Второстепена пресуда – Коце и Ванѓа Ристовски – Прва Република ТУКА

„Обжалената пресуда е јасна и разбирлива со доволно причини за решителните факти“, па потоа се додава „Неоснован е жалбениот навод за погрешно и нецелосно утврдена жалбена постапка“.

„Цареви кули“ – случај којшто ја стресе Струмица под Заев

Документите и фотографиите до кои дојде „Република“ покажуваат дека струмичкиот градоначалник Зоран Заев со решение легализирал објект – хотелски комплекс кој е изграден по законскиот рок од март 2011 година. Повторно, се работи за бизнисмен кој му е добро познат на Заев и општинската администрација како сопственик на компанија која често добива општински тендери. Откако со Законот за легализација го реши проблемот со „Глобал“, за кој беше помилуван, го злоупотребува ли Заев сега законот и за своите соработници? – Ова е случајот Цареви кули што „Република“ го објави во јули 2016 година. По ова следуваа низа негодувања, тужби за клевета…

За што се работи во „Цареви кули“?

Со пот­пис на стру­мич­ки­от гра­до­на­чал­ник Зо­ран За­ев хо­тел­ски­от комп­лекс „Ца­ре­ви ку­ли“ е ле­га­ли­зи­ран на 3.7.2013 го­ди­на. На ре­ше­ни­е­то за утвр­ду­ва­ње пра­вен ста­тус на бес­пра­вен об­јект стои де­ка из­ве­сен Ри­стов­ски Ко­це од Стру­ми­ца под­нел ба­ра­ње со опре­де­лен број од 3.9.2011 го­ди­на за ле­га­ли­за­ци­ја на хо­тел­ски­от комп­лекс, по­ткре­пе­но со ге­о­дет­ски ела­бо­рат за по­себ­ни на­ме­ни, со че­ти­ри згра­ди од кои пр­ва­та со стан за­ве­ден со број 1 на при­зем­је од 260 ква­драт­ни ме­три, по­мош­на про­сто­ри­ја од се­дум ква­драт­ни ме­три и стан број 2 на кат со по­вр­ши­на од 222 ква­драт­ни ме­три.

Вто­ра­та згра­да има два ста­на со стан­бе­на по­вр­ши­на од 20 и од 15 ква­драт­ни ме­тра, тре­та­та згра­да има пет ста­на со од 15 до 20 ква­драт­ни ме­тра, до­де­ка згра­да­та со број 4 има стан­бе­на по­вр­ши­на од 16 ква­драт­ни ме­три. Си­те тие се на при­зем­је.

Или, спо­ред до­ку­мен­тот за ле­га­ли­за­ци­ја, ба­ра­те­лот Ри­стов­ски Ко­це од Стру­ми­ца под­нел ба­ра­ње за утвр­ду­ва­ње пра­вен ста­тус на бес­прав­ни об­је­кти, хо­тел­ски комп­лекс, оз­на­че­ни во ге­о­дет­ски­от ела­бо­рат ка­ко згра­да бр. 1 со ви­си­на П+1, при­зем­је и кат, и згра­да бр. 2, 3 и 4 со ви­си­на П (при­зем­је), со на­ме­на Б5 – хо­тел­ски комп­ле­кси, на КП бр. 7895/2 во КО Стру­ми­ца, за­пи­ша­на во имо­тен лист бр. 14614, со вкуп­на по­вр­ши­на од 645 ква­драт­ни ме­три.

Спо­ред Ре­ше­ни­е­то, ба­ра­те­лот до­нел и ге­о­дет­ски ела­бо­рат, сме­тка за пла­те­на еле­ктрич­на енер­ги­ја од 28.2 2011 го­ди­на од ЕВН Ма­ке­до­ни­ја; по­тоа имо­тен лист за пар­це­ла­та, сопс­тве­ност на РМ, а со пра­во на ко­ри­сте­ње на ЈП за сто­па­ни­су­ва­ње со па­си­шта – Скоп­је. Ме­ѓу под­не­се­ни­те до­ку­мен­ти се на­ве­де­ни и За­пис­ник од увид на са­мо­то ме­сто од 23.1.2013 го­ди­на, Од­лу­ка на Со­ве­тот од 6.6.2013 го­ди­на за утвр­ду­ва­ње по­тре­ба од до­не­су­ва­ње ур­ба­ни­стич­ко-план­ска до­ку­мен­та­ци­ја за усог­ла­су­ва­ње на на­ме­на­та на зем­ји­ште­то, ка­ко и Ур­ба­ни­стич­ка сог­лас­ност од 27.6.2013 го­ди­на. Гра­до­на­чал­ни­кот на оп­шти­на Стру­ми­ца, по разг­ле­ду­ва­ње на при­ло­же­на­та до­ку­мен­та­ци­ја, кон­ста­ти­ра де­ка се ис­пол­не­ти ус­ло­ви­те за до­не­су­ва­ње ре­ше­ние за утвр­ду­ва­ње пра­вен ста­тус на бес­прав­ни­от об­јект, стои на сво­е­рач­но пот­пи­ша­ни­от до­ку­мент од Зо­ран За­ев, на ден 3.7.2013 го­ди­на.

И се­то тоа би би­ло фер и нор­мал­но, до­кол­ку во За­ко­нот за ле­га­ли­за­ци­јана ди­во­град­би­те не сто­е­ше де­лот де­ка пред­мет на ле­га­ли­за­ци­ја мо­же да би­дат об­је­кти што се из­гра­де­ни, од­нос­но по­сто­е­ле пред 1 март 2011 го­ди­на. Или пре­циз­но, ка­ко што стои во за­ко­нот, ус­лов е об­је­ктот што тре­ба да се ле­га­ли­зи­ра да е из­гра­ден зак­луч­но со 3 март 2011 го­ди­на.

И после пишувањата на „Република“ на локацијата се работи. И додека се водеше судскиот спор меѓу сопствениците на „Царевиу кули“ и „Република“, снимките на Google earth од 9 јули 2016 и 9 април 2018 година покажуваат дека продолжило сечењето на шумата, па можноста да се гради нов објект на тоа место не е исклучена.

Дали конечно надлежните институции ќе го испитаат случајот „Цареви кули“ и ќе проверат дали при легализацијата на овој објект се почитувани сите законски одредби?! Ќе спроведе ли истрага Финансовата полиција, Градежната инспекција, Катастар, Обвинителство… Ќе се утврди ли дали навистина легализацијата на објект направен по март 2011 година е легализиран според законски одредби кои важат за објекти изградени до март 2011 година?!

Извор:kurir.mk

Коментирај