АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Пожар целосно го пеплоса домот на петчленото семејство Давитковски од Крива Паланка

0
779

Пожар целосно пеплоса дом на петчлено кривопаланечко семјство. Од семејството апелираат сите хумани граѓани да помогнат да се ублажи трагедијата која ги снајде.

Катастрофалниот пожар кој избувна во приватен стан во колективна стамбена зграда позната како зграда на „Карпош“ во Крива Паланка, речиси целосно го изгоре домот на петчленото семејство Давитковски. Во станот со површина од 21 метри квадратни кој се наоѓал во колективна зграда на улица „Гоце Делчев“ бб, живеело петчлено семјство, од кои две деца, средношколци, момче и девојче, на возраст од 16 и 18 години.

-Помладите беа во соседната, засебна спална, кога слушнав силен пукот. Излегов да проверам во кујната и видов дека се гори. Ги повикав син ми, снаата, децата, но огнот немилосрдно ни изгоре се што создававме со децении. низ солзи раскажа 67-годишната Даница Давитковска, најстар член на семејството. Немаме ниту покрив над глава, ниту пари, ниту покуќнина и гардероба. Изгоре и заштедата од 30.000 денари за дрва за огрев, ни рече баба Даница, потресена и изнемоштена. Добрите соседи веќе помогнале, барем со работна сила, а од страна на Општинската организација на Црвен Крст, Крива Паланка се доставени пакети со намирници, храна и средства за хигиена…сепак, семејството две ноќи мина надвор од домот каде живееше повеќе од 3 децении. Од име на сите од семејството Даница упати апел до сите хумани граѓани да помогнат во рамки на своите можности, побрзо да се санира домот.

Иле Коцевски, командир на ТППЕ, Крива Паланка информира дека по локализирањето на пожарот морал да интервенира и на запирање на дотокот на вода која поради растопените пластични цевки предизвикала протекување и полавување на становите на долниот кат. водата во водоводот оштетитла еден стан. Причина за настанување на пожарот е најверојатно електричната инсталација, огнот брзо се проширил, а пламените јазици за многу кратот период проголтале речиси цела покуќнина, мебел, електриќни апарати, облека и пари на давитковски, поради што и ние како медиум апелираме, секој што има можност да помогне и донира , материјални средства или останата помош, прекупотребна во овие моменти за семејството.

Извор: К3

Коментирај