АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Беше дел од „златната“ генерација на Вардар, сега моли за корка леб (ВИДЕО)

0
1247

Познатата македонска фудбалска легенда, Венцислав Симоновски денес трпи за леб. Човекот кој во 1987 година беше дел од шампионскиот тим на Вардар кој ја освои шампионската титула на тогашна Југолавија, сега заборавен од сите го тегли најтешкиот дел од својот живот, осамен, гладен и во мрак- објави телевизија Стар

Немам никакви приходи. Струјата ми е исклучена, четири години веќе. Вака, без услови, тешко е, изјави Венцислав Симоновски.

Корка леб и помош Симоновски засега добива само од својата снаа која досега помош за него побарала од сите институции, но не ја добила од никаде:

Бев секаде, од Социјалното ми велат дека не биле надлежни, кажа Стојана Симоновска, снаа на Венцислав.

Симоновски нема никаков приход. Во животот имал и успони и големи падови. Како фудбалер ги бранел боите на Македонија , сега како немоќен човек самува и гладува заборавен од сите.

Тој беше легенда, поим за овој град, а сега никој не сака да му помогне, како да не постоел, како ништо да не направил во животот, рече Стојана.

Ќе се сети ли родното Делчево на некогашната своја гордот Венцислав Симоновски и ќе подаде ли рака за помош, е големо прашање. Некогаш градот се гордеел со овој човек, сега треба да помогне.

Вака изгледаше македонската фудбалска гордост црвено-црниот Вардар во 1987 година (во загради се бројот на мечевите и постигнатите голови):

ГОЛМАНИ – Момчило Грошев (13 меча), Љупчо Лазаров (22), Слободан Мутибариќ

ОДБРАНА – Вујадин Станојковиќ (29-0), Венцислав Симоновски (29-0), Драган Канатларовски (28-5), Чедомир Јаневски (31-4), Илија Најдовски (30-0), Јовко Бизимовски (2-0), Бобан Бабунски (19-0), Николчо Филипов (5-0), Љупчо Марковски (3-0)

СРЕДЕН РЕД – Тони Савевски (33-1), Никола Аврамовски (24-0), Тони Анастасовски (8-0), Милко Симовски (1-0), Мирко Петров (30-6), Благоја Тодоровски (12-0), Зоран Трајчевски (13-1), Гоце Димовски (7-0), Томче Трајановски (3-0), Ајро Суби (3-0), Слободан Горачинов (10-2).

НАПАД – Дарко Панчев (32-18), Јовче Џипунов (27-2), Васил Рингов (4-1), Горан Стојановиќ (11-0)

Коментирај