Апасиев до СДСМ Транзициска: Ние, децата на СТЕЧАЈЦИТЕ, ќе придонесеме вашиот пад да биде поизвесен

0
1101

“Замисли работиш во фабрика и доаѓа СДСМ на власт ти ја затвора фабриката и остануваш стечаец со минимални примања. И немаш каде и одиш на пазари мрзнеш продаваш зеленчук и после 12 год доаѓа пак СДСМ и носат закон дека стечајци не смеат на пазар да продаваат. 2000 евра казна 👌”, Твитер објава на “Игорче Развигорче”

Igorce-Razvigorce

СДСМ ТРАНЗИЦИСКА – проширена и надградена 🙁

p.s. Ова е личната приказна и на моите РОДИТЕЛИ, а верувам и на безброј луѓе од нивната „пропадната генерација“ во транзицијата, која буквално се оболе школувајќи ги децата со ич пари, додека беа оставени на патот од страна на комуњарските директори кои си ги приватизираа фирмите благодарејќи на законот кој го донесе СДСМ.

p.p.s. Затоа, ко ќе паднете, уше 100 години нема пак да дојдете на власт! А ние, децата на СТЕЧАЈЦИТЕ, и те како ќе придонесеме вашиот пад да биде поизвесен.

#СоцијалнаПравда

Dimitar-Apasiev-stecajci

Државата ги намалува казните на фирмите, а од друга страна ги зголемува за пазарџиите и тезгаџиите. Новиот закон предвидува казни и глоби од 150 до 2.000 евра во зависност од прекршокот.

Глоба во износ од 150 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на трговецот на зелени пазари доколку не ја носи легитимацијата со себе, пишува во законот.

Глоби од дури 1.500 до 2.000 евра се предвидени ако се продава без лиценца, не се поседува документација за потеклото на производот или пасош за растенијата.

И додека се зголемуваат казните за оние кои работат на пазар држава ги намалува глобите за компаниите.

За малите претпријатија минималната глоба ќе биде 50 евра, а максималната 2.000 евра, стои во новиот закон за прекршоци.

Премиерот повеќе пати се пофали дека новата полабава казнена политика ќе помогне на бизнисот.

Казните ќе бидат отсега натаму правични и сразмерни, ќе се направи градација помеѓу мали, средни и големи претпријатија, целта е да се поттикнат правичност и почитување на законите. Казните за малите и средни претпријатија ќе се намалат дури за 60%“ изјави премиерот Зоран Заев.
Сепак, ова не важи за пазарџиите и тезгаџиите. Новото законско решение со кое се воведуваат лиценци и дополнителни давачки сериозно ќе удри врз над 20.000 граѓани од најранливите категории.

Од следната година сите ќе треба да имаат лиценци и да плаќаат персоналец како и придонеси за здравствено и за пензиско. Се забранува на тезгите да продаваат пензионери, социјалци, стечајци, вработени и сите други кои добиле некаков хонорар.

И додека тезгаџиите реагираат, а бизнис заедницата предупредува, власта не отстапува – новиот Закон за зелени пазари ќе стапи на сила на 1 јануари.

Коментирај