Апасиев: Сакате војна, ќе добиете војна – Еве го уверението во целина, па луѓето сами нека си проценат

0
3044

Професорот Димитар Апасиев на својот Фејсбук профил го објави целото уверение за положени испити на правниот Факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, на кое се гледа дека ги положил сите испити со 10-ки, односно дека дипломирал со 10 просек, откако предходно беше објавено од провладин новинар и медиум дека има 10-ка по Руски јазик.

Пред некоја недела, едно комуњарско квазиновинарско ботче, шо се одзива на името Поликлинико, бесправно објави мој личен податок поврзан со текот на моите правни студии и полагани испити на „Јустинијан Први“.

Притоа, документот (кој го добил веројатно по удбашки инсајдерски канали) го беше затемнил онака како што му кажале провладините загарчиња, за да спинува дека – пази молим те – сум учел Руски јазик. Па, за да нема забуни во јавноста – еве го УВЕРЕНИЕТО во целина, па луѓето сами нека си проценат 🙂

p.s. Во овој албум, насловен како „СЛУЧАЈОТ АПАСИЕВ“ деновиве ќе ги објавам и сите документи до кои дојдов за хајката и инквизициската постапка која тајно, без мое знаење, се водела против мене од месец април до месец септември – преку Државниот просветен инспекторат, а иницирана од Влада на Република Македонија. Ќе има сочни детали 😉

p.p.s. Сакате војна – ќе добиете ВОЈНА!
#AleaIactaEst

Коментирај