Апасиев: Додека се драпаме со „пилотите“ од Арачиново, лани од ова село се наплатени дури 970 денари данок на имот

0
5633

Додека се драпаме со “пилотите” од АРАЧИНОВО, само да се потсетиме дека лани од ова село се наплатени дури 970 (со букви: деветстотини и седумдесет) денари на име данок на имот, потсетува професорот Димитар Апасиев од Левица.

Само еден човек во Арачиново платил данок – собрани цели 970 денари!

Пpoблемот со општините во Македонија е што голем дел од нив немаат изградено добри манаџерски административни капацитети за финансиски менаџмент, немаат направено репроценка на данокот на имот, базите на податоци им се стари од 2005 година, како што биле превземани од Управата за јавни приходи, кажа градоначалникот на Велес Аце Коцевски, пренесе Сител.

Некои од општините имаат направено репроценка, но многу е низок процентот на наплата, не сакам да споменувам имиња на општини, но има една општина која што има само 970 денари наплатено во текот на минатата година по основ на данок на имот – вели Коцевски.

Инаку 970 денари данок на имот е еднакво на еден човек што платил данок на имот. Градоначалникот на Велес најпрво oдби да ја соопшти која е таа општина, подоцна соопшти дека станува збор за скопската општина Арачиново.

ТВ 21: Арачиновци се жалат – СДСМ ги излажале дека ќе вработат 300 пилоти!? (ВИДЕО)

Петрит Сарачини со чудно толкување: Пилоти или пилот-проекти?

Коментирај