Анкетите покажуваат, експертите потврдуваат: Гласајќи за ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните навистина избираат подобар живот во Македонија

0
847

Каракамишева потсетува дека анкетата на Брима галуп е направена во период пред Заев да ги каже а јавноста да ги чуе плановите на СДСМ за кантонизација на државата, менување на Уставот и воведувањето двојазичност на целата територија на државата. Да беше направена само една недела потоа кога Заев си ги кажа сите планови што ѝ ги подготвува на државата, веројатно ќе имавме и поинакви анкетни резултати. Овие антидржавни тези дефинитивно ќе симнат неколку проценти од контото на Заев кои би отишле на сметката на Груевски 

Експертите се децидни, граѓаните одбираат реални проекти и знаат кој може да им донесе нови работни места, инвестиции и повисоки плати и пензии и социјална помош. Анкетите недвојбено покажуваат дека народот е подготвен на 11 декември да гласа за себе, за својата иднина, за Македонија. Гласот на народот ќе биде суровата казна за Заев и СДСМ, кои режираа и одржуваа две и полгодишна криза, за да можат да се прикажат себеси како одлучувачки политички фактор и без победа на избори да добијат власт, преку која ќе можат да го реализираат сонот за двојазичност и федерализација на Македонија.

Македонска револуција за одбрана од внатрешниот непријател

aleksandar-pandov

Политичкиот аналитичар Александар Пандов, пак, анализирајќи ги резултатите на последната анкета на „Брима галуп“, објавена на порталот „Република“, не е изненаден што македонските гласачи повторно во огромно мнозинство им даваат доверба на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Македонските гласачи одамна имаат изострено политичко сетило и јасно е дека кај нив најважни политички теми се подобрувањето на животниот стандард, вработувањето и зголемување на личниот доход за кој прашања, повторно гледаме дека граѓаните недвојбено најголема доверба и подршка имаат во ВМРО-ДПМНЕ.

Но, она што го изненадува, вели Пандов, е неочекувано е големиот процент на Албанци кои му даваат подршка на Зоран Заев. Просто зачудува фактот дека тој процент на Албанци ги заборавиле сите злодела кој им ги имаат направено Бранко Црвенковски и Љубомир Фрчковски, политичкиот и идеолошкиот татко на Зоран Заев.

-Не можам да верувам дека кај Албанците постојат гласачи кој на понудата на Заев да има двојазични табли во Струмица и децата да учат во градинка албански во Штип, е доволен повод да го дадат својот глас за овој докажан измамник, потсетува Пандов и додава дека е неразбирлива поддршката и на малиот дел од јавноста за СДСМ, сега кога во игра се сите придобивки за кои Македонецот леел крв со векови.

Овие избори се поденакво иста борба за зачувување на државата, како онаа на илинденците 1903 г., на партизаните 1941 г. и македонската тивка револуција во 1991 г. со референдумот. Овие избори се референдумски, овие избори се уште една нова македонска револуција, овде и сега, овој пат за зачувување на сувереноста и унитарноста на македонска држава и македонскиот јазик, култура и идентитет, кои, не однадвор, денес се загрозени однатре.

Народот нема да гласа за самоуништување

ivanka-dodovska

Резултатите од двегодишната политичка криза направија извесна штета врз рејтингот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и на нејзиниот лидер, Никола Груевски, чиј што статус во моментов има незабележителен пад, додека истата речиси воопшто не се одрази во позитивна смисла врз кревањето на рејтингот на опозициската СДСМ, која заедно со својот лидер, Зоран Заев, немаат никакво посебно поместување од претходно направените анкети. Ако ги земеме овие бројки условно и со оглед на фактот што истите прават простор за маргинална грешка од плус или минус 3,1%, можеме слободно да констатираме дека истите повторно ја најавуваат парламентарната победа на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, која и по десет годишно владеење и со големиот број на удари во изминатиов период, се уште цврсто стои на врвот, смета универзитетската професорка од Правниот факултет Иванка Додовска.

Таа ги анализиара факторите кои доведуваат до незначителен пад на рејтингот на владејачката партија и на нејзиниот лидер во споредба со претходно објавени анкети на „Брима галуп“ и констатира дека заминувањето од премиерската функција, серијата на клевети кои беа упатени кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, како и сеопштата општествено-политичка криза која ја генерираше опозицијата, изврши влијание врз дел од неговите симпатизери и дел од неговите поддржувачи, но сепак не успеа да го промени ставот кај членството и кај огромниот број граѓани кои изминативе десетина година застанаа зад неговите проактивни политики.

Она што е особено значајно и од аспект на социјалната инклузија и од аспект на развојот на либералното македонско општество е генерирано во процентите кои ја прикажуваат неатрактивноста на политиките на опозицијата, особено нискиот рејтинг на лидерот Заев и недовербата кај македонските граѓани кои не загризаа на понудите од страна на левиот блок. И овде причините за тоа ги пронаоѓаме на повеќе нивоа и тоа: од недовербата кај граѓаните кон мотивите кои ја движат опозициската СДСМ и нејзината коалиција за освојување на власта, понатаму, се уште свежите сеќавања од реваншизмот и клиентелизмот кој ги одбележа сите етапи од власта на СДСМ во минатото, па се до механизмите на спроведување на своеволие кое не ги тангира само личните судбини на македонските граѓани кои не ја поддржуваат опозицијата, туку и од стравот за спремноста на овој блок и неговото лидерство за промена на унитарниот карактер на државата, промената на уставното име и на раслојувањето на темелните вредности врз кои почива самобитноста и самостојноста на Република Македонија. Во овој поглед, кај најголемиот број од граѓаните, а пред се кај македонскиот народ, без оглед на тоа на која политичка идеологија ѝ припаѓаат, недвојбено е одразен ставот за зачувувањето на македонскиот национален идентитет и истите без оглед на случувањата, и на личен и на општествено-политички план немаат расположение да поддржат политики кои ќе им ги одземат овие вредности.

Додовска е убедена дека и неопределените гласачи, кои иако во изминатиов период не успеале да ги реализираат своите очекувања или можеби пројавиле незадоволство од одредени политики на владејачката коалиција, не се пронаоѓаат во понудата на опозицијата и длабоко се резигнирани и неодлучни во поглед на конечниот исход од претстојните избори.

Според анкетата неопределени се најголемиот процент испитаници, околу 42/43% од гласачкото тело, а тие, вели Додовска, ќе ја донесат и одлуката за тоа кој ќе ја освои власта во Република Македонија.

Овие проценти не се воопшто наивни и истите претставуваат одраз на голем број на фактори и од надворешен, но и од внатрешен план, и кои треба сериозно да ги замислат политичките елити за начинот и за средствата кои ќе ги употребат со цел да ги приклонат истите кон едната или кон другата опција.

Во поглед на албанскиот блок, евидентно е дека електоратот со етничко албанско потекло е прилично дисперзиран во неколку политички партии, од кои според процентите од анкетата, владејачката ДУИ покажува дека во изминатиов период има изгубено дел од своето гласачко тело, кое се приклонува кон поновите политички ентитети кои се занимаваат со прашањата на албанското малцинство, а од неодамна сериозен претендент за албанските гласови се истакна и опозициската СДСМ која исто така ја доведе во прашање екслузивноста на албанскиот фактор во носењето на одлучувачките решенија поврзани со албанското прашање.

Вака поставената општествено-политичка реалност во Република Македонија ги прави овие предвремени парламентарни избори особено значајни и истата влијае на идните преспективи кои ги засегаат македонските граѓани во наредниот период, завршува професорката Додовска.

Народот препознава – Заев направи хаос во партијата, истото ќе ја снајде и државата

karakamiseva

И за професорката Тања Каракамишева-Јовановска анкетата на „Брима галуп“ е реален одраз на расположението на македонските граѓани за тоа која партија и кој лидер ја заслужува нивната доверба десет години по ред. Овие проценти преку кои е отсликана довербата на граѓаните не се фантомски, ниту виртуелни како што две години Заев и СДСМ ја замајуваа јавноста, туку резултат на долгогодишна напорна работа, посветеност во реализацијата на ветеното во партиската програма, и теренска работа преку која ВМРО-ДПМНЕ е во постојан контакт со потребите на граѓаните.

Не случајно анкетата покажува високи 33% активност на терен во корист на ВМРО-ДПМНЕ во однос на 15.2% на СДСМ. Овој висок процент не ја одразува само партиската присутност на терен, туку многу повеќе од тоа. Покажува колку партијата се грижи за граѓаните, колку е одговорна кон ветеното, колку е професионална во тоа што го работи, колку е совесна и колку е заинтересирана да види дали работите функционираат на терен така како што биле предвидени, и планирани. Токму овие карактеристики ѝ даваат двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ, а истите се резултат на новиот стил на политичко лидерство што го наметна г. Груевски со доаѓањето на чело на партијата. Г. Груевски наметна модерен партиски и политички стил на политичко делување и менаџирање кој влева граѓанска доверба заради видливата политичка одговорност, работа, отчетност, професионалност. Овој нов стил на лидерство му донесе на ВМРО-ДПМНЕ огромна предност пред другите партии за многу наредни години. Длабинските партиски промени во делот на работата и посветеноста кон ветеното што ги направи г. Груевски во ВМРО-ДПМНЕ не се направени во ниту една партија во земјата што секако се одразува на (не)квалитетот во работата и делувањето на секоја од нив.

Во СДСМ тоа е посебно видливо, потенцира Каракамишева-Јовановска. Таа потсетува дека Бранко Црвенковски не помрдна ниту едно камче во мозаикот на СДСМ во позитивна насока, а истото се случи и со Бучковски, Шеќеринска, и сега со Заев. Актуелниот лидер на СДСМ не само што не помести ништо во позитивна насока туку направи многу ретроградни чекори кои внесоа дополнителен хаос во ионака хаотичната внатрепартиска структура.

Резултатите во анкетата даваат опис и на овие моменти, поради што Заев има двојно помала доверба од Груевски. Политичкиот резон на граѓанинот е ако лидерот не успее да наметне позитивен стил на раководење со партијата и не наметне нова, креативна и иновативна енегија која ќе создаде ефекти во партијата, како тогаш да се очекува дека тој лидер и неговиот тим ќе успее да направи позитивни промени во земјата.

Двојната предност што граѓаните ѝ ја даваат на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ е и поради најквалитетната политичка понуда што ВМРО-ДПМНЕ ја има понудено на граѓаните до сега. Во понудата на оваа партија се чувствува граѓанска енергија, се чувствува дека секој граѓанин може да се најде во неа и да има полза од неа. Да не заборавиме дека посебно 2016 година помина во постојано очекување да се одржат предвремените парламентарни избори. ВМРО-ДПМНЕ постојано ги обелоденуваше своите клучни проекти што придонесе граѓаните да бидат во тек, да ја следат понудата на оваа партија и да дадат своја оценка за неа.

Од друга страна, на поволниот рејтинг за ВМРО-ДПМНЕ силно влијание има и црната, негативна предизборна кампања што СДСМ ја форсира веќе две години во државата. Целата партиска енергија во изминатите две години СДСМ ја насочи кон деструкција, пуштање на “бомби”, предавничко соработување со странски центри на моќ, негирање на Уставот, дестабилизирање на правниот и политичкиот систем на државата,  нереални ветувања, антимакедонски тези и предлози кои дополнително ја искомплицираа политичката понуда во земјата. Иако на моменти оваа партија се трудеше да се извлече од сопствените црнила во кои и самата се заглави, факт е дека овие луцида интервала не успеаа да го тргнат граѓанскиот впечаток дека оваа партија е фокусирана само кон дискредитирање на политичкиот противник по секоја цена и на секаков можен начин. Оваа доминантност на деструктивната наместо на позитивната страна во делувањето на СДСМ се оценува како најслаба страна на партијата која претендира да дојде на власт. Ако на сето ова се надодадат и антимакедонските изјави и предавничките тези на Заев дадени во странство и во земјата, добиваме дијаметрално спротивна слика од она што е политички портрет на ВМРО-ДПМНЕ.

Резултатите од анкетата покажуваат дека и покрај тешкиот период низ кој помина ВМРО-ДПМНЕ се уште граѓаните ја доживуваат оваа партија како контрапункт на СДСМ во секоја смисла на зборот.

-Резултатите ќе бидат уште подобри сега, откако граѓаните добија можност да се запознаат со програмите на двете партии. ВМРО-ДПМНЕ ја има дефинитивно најобемната и најквалитетна политичка понуда некогаш видена во државата, но и пошироко. Оттаму сосема логично е што на терен ВМРО-ДПМНЕ целосно доминира и што не губи ниту еден момент на црна кампања. Тоа не значи дека оваа партија не враќа на негативните пораки упатени од СДСМ против лидерот и раководството на партијата. Враќа силно и фокусирано без да влезе во чевлите на противникот. Овој момент ќе биде дополнителен ветар во грб за периодот кога ќе следат и нови анкети. Позитивното во оваа анкета, но веројатно и во сите наредни што ќе следат е што граѓаните ја испочитуваа стратегијата на ВМРО да не потпадне на провокациите на СДСМ и што не ја прифати нивната  наметната игра. СДСМ навигираше кон уште посилна политичка и севкупна криза во државата, ВМРО-ДПМНЕ успеа да го изменаџира овој удар  како вистински одговорен и национално цврст политички субјект. Добро е што ВМРО-ДПМНЕ остана на својот пат,на својот план како најдобро да го надгради и претстави пред граѓаните тоа за што има вложено многу труд, посветеност, тимска енерија. Оваа партија навистина успешно се справи со сите предизвици и тешкотии со кои се соочи на политичката сцена.

ВМРО-ДПМНЕ беше свесна дека секое изместување на тежиштето во прилог на негативната политика што ја води СДСМ ќе биде на нејзина штета и токму затоа, смета Каракамишева-Јовановска, оваа партија одлучи да не губи време на тривијални местенки, уцени и притисоци какви што ги подметнуваше на секој ќош СДСМ, туку реши посветено да чекори по својата позитивна траекторија, таму каде што се чувствува најсилна и најуспешна.

Граѓаните ја вреднуваат токму таквата насоченост и резултатите од анкетата се одраз на нивната поддршка што континуирано ја даваат на сите досегашни изборни циклуси. Се видоа сите лаги на Заев, се открија сите сценарија на СДСМ, паднаа во вода сите калкулации кои оваа партија ги направи на штета на државата.

Во наредната анкета која ќе се појави многу брзо очекувам уште повисок рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ, како казна за неодговорните и антимакедонски изјави и политики на  Заев кон државата, завршува професорката.

Коментирај