АНКЕТА: За една година ретингот на Христијан Мицкоски петпати повисок

0
562

Рејтингот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски солидно расте, а според теренската анкета на М-проспект направена во период од 15 мај до 7 јуни годинава тој е пет пати повисок од рејтингот што го имал Мицкоски пред една година. На лидерот на опозициската партија му веруваат 11,7 проценти од испитаниците (пред една година процентот изнесувал 2,3).

На прашањето во кој политичар граѓаните имаат најголема доверба, секој трети граѓанин се изјаснил дека нема доверба во ниту еден политичар.

Според истата анкета доколку утре се одржат парламентарни избори секој четврти граѓанин (25%) би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, додека пак за СДСМ би гласале (23,1%).

Коментирај