АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ со предност од околу 65.000 гласови пред коалицијата на СДСМ и БЕСА

0
1044

Во емисијата „Објектив“ на МТВ во четврток ќе бидат објавени целосните истражувања по повод парламентарните избори во Македонија.

Имено Институтот за политички истражувања ИПИС направи анкета од која може да се заклучи дека ВМРО-ДПМНЕ има стабилна предност пред коалицијата на СДСМ и БЕСА.

Анкетираните граѓани на прашањето за која партија би гласале дури 24,1 процент одговориле дека тоа би го направиле за ВМРО-ДПМНЕ, додека 21,5 проценти тоа би го сториле за СДСМ.

Математички пресметано предноста на ВМРО-ДПМНЕ е некаде околу 65 илјади гласови.

-Во емисијата „Oбјектив“ во четврток, 20:15 часот на МТВ1 по повод актуелната тема – парламентарни избори во државата, ќе бидат објавени целосните истражувања околу предизборниот рејтинг на политичките партии по објавувањето на коалициите, кои ги изврши Институтот за политички истражувања – ИПИС, стои во нивниот пост на Фејбсук.

Коментирај