Анкета на „Europe Elects“: ВМРО-ДПМНЕ 42.6 %, СДСМ 36.6 %

0
501

Ако изборите во Република Македонија се одржат утре, ВМРО-ДПМНЕ ќе извојува убедлива победа со 6 проценти предност пред СДСМ, што е за повеќе од 4% повеќе од претходните парламентарни избори одржани во 2016 година, потврдува анкетата на ИПИС објавена на платформата Јуроп електс.

Анкетата е направена од 14 до 17 септември 2019 година на репрезентативен примерок од 1109 испитаници.

Ако се има предвид дека испитаниците не се поделени по етничка припадност, разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во македонскиот блок е повеќе од 10% или изразено во гласови на изборите, повеќе од 100.000 гласа во корист на опозициската партија. За поткрепа, со истите информации излезе и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред повеќе од еден месец, кој во интервју рече дека јавното мерење на јавното мислење оди во насока на тоа дека поддршката на ВМРО-ДПМНЕ се зголемува, а поддршката на СДСМ опаѓа.

Не треба да се занемари фактот дека е значително намален бројот испитаници Албанци кои на минатите избори гласаа за СДСМ. Албанците се разочарани од неисполнетите ветувања, немањето реформи и катастрофалната економска политика што ја спроведува владата, но пред се, она што беше нивни приоритет, ветувањето за членство во ЕУ.

Јуроп електс (Europe Elects) е платформа за собирање податоци за изборни анкети од земји во Европската унија. Тимот е составен од 31 волонтер од различни политички, културни и професионални средини од Јужна и Северна Америка, Европа и Блискиот Исток. Обезбедува услуги за анализа на податоци за различни заинтересирани страни. Мрежата во моментот има скоро 60.000 следбеници на социјалните медиуми. платформата е основана во 2014 година, а нејзин претседател е Тобијас Герхард Шминк.

…………………………………….

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју на „Макфакс“ дадено пред 10-тина дена вели дека очекува и е сигурен дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, и разликата дека ќе биде најмалку во овој момент, ако се одржат избори да е повеќе од 100.000 гласови.

Mицкоски: Верувам во убедлива победа на избори, за стабилна влада и реализација на ветеното

Коментирај