Анѓушев носи закони сам за себе: Укината е царината за производ кој го користи само неговата фирма

0
13975

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев ја злоупотребува државната функција на секој можен начин. Владата вчера ја укина царината за увоз на електрични литиум – јонски акумулатори кои ги користи само фирмата „Брако“ која е во сопственост на Кочо Анѓушев, и која овие батерии треба да ги вгради во моторни возила за специјална намена – чистење на улици и патишта со електричен погон. „Брако“ треба да произведе 35 вакви возила, а на овој начин Вицепремиерот, дополнително ќе си го зголеми личното богатство за неколку милиони евра, пишува порталот Економски.

-Од царинските давачки за овие акумулатори ќе бидат ослободени само производителите на машини и други производители кои користат вакви батерии, а нема да бидат ослободени трговци кои понатаму би ги препродавале, соопштија од Владата.

Од погоре споменатото може да се заклучи дека Анѓушев е единственото лице, како правен субјект, кое ќе има бенефит од укинување на оваа давачка, бидејќи само неговата фирма користи вакви батерии, а притоа не се јавува како препродавач, што значи дека законот е прецизно утврден како би ја опфатил неговата фирма, иако всушност станува збор за уште еден класичен пример на конфликт на интереси, односно, злоупотребување на службената функција, исто како што имаше и во случајот хидроелектрани „Тополка“ и во случајот со фамозниот тендер на ЕЛЕМ, во кој Анѓушев јавно призна дека управителите во неговите фирми се само статисти, а тој е оној кој одлучува за бизнис зделките на неговите фирми.

Коментирај