Андреевски: Дефектите се од власта во замнинување, не од РЕК Битола!

0
704

Одговори на новинарски прашања,
Митко Андреевски, претседател на Комисија за енергетика на СДСМ
Скопје, 13.01.2017

Медиуми: Според ЕЛЕМ вклучувањето на ТЕЦ Осломеј и на Неготино во моментов е непотребно со оглед на тоа дека РЕК работи со полн капацитет и дека не е економично затоа што тоа ќе биде многу поскапо отколку што е цената на увезената струја, значи ли ова дека имаме некој дефект во енергетската стратегија?

Андреевски: Во енергетската стратегија дефинитивно дека има дефект. Ќе ја посочам тука и стратегијата на МАНУ 2010-2030, 2015-2035-та и во едната и во другата се бара решение за овие капацитети да работат. Буквално и најодговорно тврдам дека е многу поевтино да произведуваме домашна струја и да имаме енергетска стабилност по можност зголемениот капацитет и зголеменото производство да го извезуваме, а не да извезуваме цена од фрапантни 240 евра за еден мегават час.

Медиуми: Предлагате да се штеди? Колку може струја да се заштеди ако не се осветлуваат спомениците коишто генерално користат лед светилки, тоа е штедливо осветлување?

Андреевски: Се што ќе се исклучи кое што се користи во овој момент за луксуз е заштеда која што ќе придонесе за енергетската стабилност на републиката. Јас не знам во точен капацитет колку е тоа, но сигурно ќе придонесе за енергетска стабилна клима во земјава.

Медиуми: Котелот кој што беше од пред два дена ставен во употреба, беше модернизиран пред извесен број години, беа потрошени над 30 милиони евра за тоа. Зошто ни се случува модернизиран, осовремен капацитет да се расипува често?

Андреевски: Вие ако не следевте доволно во изминатите две години ние посочивме дека таму има многу сомнителни и коруптивни договори. Еден е вие што го посочувате, најверојатно ќе завршиме на суд иако менаџментот на ЕЛЕМ тоа одбива да го каже со една германска компанија. Јас не ги знам причините за тоа. Едни тврдат дека причините се недоволно квалитетниот јаглен и манипулацијата во кореспонденција меѓу ЕЛЕМ и изведувачот, таа германска фирма. Германската фирма кажува нешто сосема друго. Ќе видиме што ќе излезе. Јас очекувам дека ќе се најде Република Македонија на суд за тоа. Инаку да ве потсетам дека тој договор е некаде околу 100 милиони евра. Ако се вклучат и 100 милиони евра од оние набавки од фирми кој што го ископувале тој јаглен доага до одговорот што ни се случува, во РЕК Битола само да се понадеваме да имаме среќа за оваа хаварија, бидејќи макотрпно јас се соочуствувам со врботените од РЕК битола кои се денонокно на работане по нивна вина по вина на менаџментот мора да има еден ден одговор за тоа.

Медиуми: Вчера ЕЛЕМ рече дека иако РЕК работи со полн капацитет не се исклучува можноста од увоз, меѓутоа ќе се увезе струја кој што е поефтина од производствената, односно под 60 евра за мегават час, освен ако потрошувачката не е преголома. На крајот испадна дека дека се увезува струја и по цена од 88 и 30 евра .

Андреевски: Додека го даваме ова самите се побија себе, кажуваше генералниот директор дека ја излажа македонската јавност еве денеска сме сведоци дека они не можат да ја предвидат ситуацијата што ќе им се случи утре со цента на електичната енергија. Одговорно тврдам дека ЕЛЕМ во овие моменти не е способен да тргува со со електична енергија, тоа да ве потсетам дека до крајот на минатата година го правеше ЕВН и не беше на трошок на државната компанија. Ве убедувам дека ако во јуни било кој да биде во таа енергетска компанија ќе мора да бара покачување на цената на електричната енергија, затоа што огромни загуби ќе се направат во овој период,

Медиуми: Очекувате да се стабилизираат цените на берзата?

Андреевски: Во овај момент тие ќе флуктуираат во однос на побарувачката и понудата.

Медиуми: Господине Андреевски во изминатиот период доста медиуми пишуваа за вашата компанија. Генерално имаше обвинувања од една политичка партија дека вашата компанија продавала гас на Струмица гас по цена која е два и пол пати повисока од пазараната. Како ги коментирате овие обвинувања и работењето на вашата компанија?

Андреевски: Во минатото во еден обид да се пласира дека е двапати поскап, најавив дека ке покренам тужба, затоа што тоа не е е така се мешааат два производа кој што не се исти,природен гас кој се снабдува по цевка по гасоводот кој е изграден во Македонија во 1997 година со проект кој што е виртуелен гасовод, виртуелен гасовод престставива комперсија, чистење на тој гас, ородирање, ставање во специјална опрема, транспорт, шпедиција и истовар на друго место. Апсолутно не е точно дека е два и пол пат поскап воедно, може да ги проверите и податоците кои што се јавно достапни, дека заштедите на институциите кој го користат тој гас се 60 % пониски од кога што трошеле нафта, мазут и ред други енергенси.

Медиуми: Колку вработени има во вашата фрма?

Андреевски: Мојата копанија бидејќи прашувате за таа јавна набавка и за тој проект, ангажирани на тој проект се шест луѓе бидејќи се работи за конзорциум, само во мојата компанија е само еден вработен, бидејќи за овој тип на технологија, транспорт и овој тип на работа нема потреба, а и нема стручен кадар кој што може да одговори, другите се во делот на овие сегменти што ги набројав.

Медиуми: Дали тој конзорциоум е регистриран пред македонскиите институции и е официјален?

Андреевски: Врз основа на огласот кој беше објавен во европските гласила тој тип на партнерство е на база на меѓусебен договор кој што ги исполнува европските критериуи.

Медиуми: Во Македонија законите велат дека конзорциумите исто така треба да се регистрираат?

Андреевски: Тоа е партнерство, ако ги читате дословно документите ќе видите дека таму пишува дека тие треба да бидат партнери, а не да бидат во некој холдинг или конзорциум. Инаку ние со таа компанија долго сме партнери и не работиуме само на македонскиот пазар, туку работиме и на пазарите на Балканот.

Медиуми: Во дел од медиумите беа изнесени бројки, како ке ги прокоментирате ти болки од побарувачката а вашата компанија, две или три години се менуваа бројки, па ако може да ни ја објаснете биласната состојба?

Андреевски: Вие знаете каква е билансната состојба, таа е објавена во еден весник и е пуштена во медиумите. Значи поднесена е исто тужба за лага дека компанијата остварила профит од 2,5 милиони евра. Приход нема 2.5 милиони. Три-четири пати е помалку приходот, зборувам кумулативен за три и пол, четири години. Не за една година. Така што тие се сите лага и шпекулација.

Коментирај